Согласно годишната програма за работа за 2018 година, општина Битола и ЈП Комуналец Битола во соработка со правното лица за постапување со оптад од пакување ПАКОМАК ДОО Скопје во населбата Стрелиште расподели 150 пластични канти од 120 литри и 10 контејнери од 1м3 наменети за собирање на отпадна пластика. Со ваквите активности, ЈП Комуналец продолжува со своите заложби преку соработка со граѓаните да ја развива свеста и совеста кај граѓаните, за селекција на отпадот. Ова е четврта акција за распоредување на ваков вид на садови така да вкупниот број на вакви садови изнесува 1.650 канти и 150 контејнери. На чинот на доделување на опремата за селекција присуствување и градоначалничката на општина Битола м-р Наташа Петровска.