Се одржа третиот партнерски состанок на проектот “Симбиотски мрежи за одржливо управување со органскиот отпад-Симбиоза“ кој што е финансиран и поддржан од Европската Унија преку Интерег – ИПА програмата за прекугранична соработка кофинансиран од националните фондови преку Министерството за Локална самоуправа.Носител на проектот е ЈП „Комуналец“ од Битола, а директорот Панде Богоевски, на состанокот рече:
-Со проектот СИМБИОЗА, ЈП “Комуналец“ отвора нова страница во своето работење отпадот (во овој случај органскиот) повеќе нема да биде отпад туку ресурс, а ќе се започне со селективно собирање на органскиот отпад кој нема да го „фрла“ на депонијата “Мегленци“, туку ќе го преработува и од него ќе добие компост кој ќе го користи како ѓубриво во своите расадници и на јавните зелени површини.
Ќе се селектира органски зелен отпад (остатоци од косење, режење и сл.), отпад од храна (хотели, ресторани, домаќинства и сл.), индустриски био-отпад (остатоци од производни процеси – најчесто во индустријата за храна). Дополнително, ЈП Комунална хигиена – Новаци ќе врши собирање земјоделски отпад и отпад од сточарството.
ЈП “Комуналец“ потпиша договори со десет фирми кои произведуваат во своето работење произведуваат органски отпад, а и кој им претставува проблем, на кои им се дадени контејнери за органски отпад и дека, а бесплатно ќе се собираме органскиот отпад.
-Собраниот органски отпад потоа ќе се преработува во компостерот и во зависност на видот на отпадот по 14 до 28 дена, наместо отпад на депонијата ќе добиеме високо квалитетно органско ѓубриво – компост кој ќе го користиме во нашиот расадник како и при одржувањето на јавните зелени површини. Значи за прв пат во нашиот регион, отпадот не е повеќе отпад туку ресурс, додаде Богоевски.
Носител на проектот е ЈП “Комуалец“ од Битол, а партнери се ЈП „Комунална хигиена од Општина Новаци и “Движење за околината –Молика“ од Битола, а од грчка страна фирмата за управување со отпад “Дијадима“од Кожани, Центар за иновации и култура „Инополис“ и националниот технички Универзитет од Атина.
Покрај состанокот меѓу партнерите на проектот, беше промовирана и презентирана целокупната опрема набавена преку проектот од страна на партнерите од Македонија (во вкупна вредност од над 300 000 евра). Учесниците на конференција беа и во посета на депонија “Мегленци“ каде е сместена и машината за компостирање.
За селектирање и преработка на органскиот отпад набавени се: 2000 канти од 120 литри, 200 канти од 240 литри и 35 контејнери од 1,1 метри кубни, се препознаваат по кафеавата боја, камион за собирање органски отпад и машина – компостер кој ќе го преработува отпадот во органско ѓубриво – компост, во вредност од 250.000 евра.