Полна приколка од трактор со стари автомобилски гуми отстрани ЈКП „Коминалец“ од Тумбе Кафе. По објавата на Апла.мк за дива депонија со стари гуми на ридот на Тумбе Кафе, ЈКП „Комуналец“ Битола излезе на терен и ги отстрани расфрланите гуми од локацијата. Од „Комуналец“ велат дека постапиле со цел да ја исчистат локацијата од обидот на несовесни граѓани и на Тумбе Кафе да направат дива депонија. Иако велат дека постапуваат само по пријава од Општина Битола, овој пат „Комуналец“ Битола ја реализира акцијата по објавата на Апла.мк.
-Вие како портал, и ние како јавно претпријатие сме на страната на граѓаните и секогаш сме и ќе сме во служба на граѓаните, но во оовј момент заедно за апелираме за зачувување на чистата животна средина, велат од ЈКП „Комуналец“ Битола.