По повод 15 Септември, Светскиот ден на чистењето, ЈП „Комуналец“ Битола организираше акција за чистење на две поголеми диви депонии, лоцирани во населбата Баир и во селото Брусник. Акцијата се спроведуваше со поддршка на Општина Битола и ЈП „Водовод“, КЈП „Нискоградба“ и ЈП „Стрежево“. Активностите се изведуваа на две локации во населбата Баир и во село Брусник. Во акцијата учество зедоа месното население, дел од советничката група на Советот на општина Битола и градоначалничката на општина Битола г-ѓа Наташа Петровска.