Директорот на Јавното претријатие “Комуналец“, Панде Богоевски, пред новинарите го презентираше отчетот за работењето на ова битолско јавно претријатие за двете години.
Директорот на Јавното претријатие “Комуналец“, Панде Богоевски, пред новинарите го презентираше отчетот за работењето на ова битолско јавно претријатие за двете години.
Богоевски прво се осврна на основната дејност на претријатието собирањето на сметот за што рече:
-Собран комунален отпад за 2019 година, до 30.11.2019, 36.510 тони што е најповеќе за последните години, а споредбено ќе кажам за 2016 година – 28.680, 2017 година – 28.400 2018 година – 32.764 тони. Собран гломазен отпад оваа година за многукратно повеќе и тоа 540 m3, наспрори 2016 година – 60 m3, 2017 година – 45 m3, 2018 година – 85 m3 и2019 година (до 30.11.2019 г.). Собрана отпадна хартија и пластика оваа година хартија 262,2 и 7,217 тони пластика, а споредбено 2016 година – 166,7 t хартија и 2,98 t пластика, 2017 година – 179,9 t хартија 5,42 t пластика, 2018 година – 236,9 t хартија4,02 t пластика.
За јавно осветлување со кое сега стопанисува ЈП “Комуналец“, директорот Богоевски рече дека вкупно се вложени повеќе од 1,5 милиони денари, а заштедата со поставување на новите лед и сијалици е 259,200.0 киловат часа.
-За општествена одговорност донирани околу 4 милиони денари, а помагаме хуманитарни акции, поддржуваме НВО, но и иницијативи на поединци и групи граѓани… ЈП “Комуналец“ е насекаде во градот преку “Еко центар за сите генерации“ – екологија – дружење – уживање, садиме и пошумуваме кај Ротино, Кркардаш и зсадивме нов дрворед на “Солунска“, рече Богоевски, кој се осврна и на депониите за кои рече:
-Со граѓаните исчистивме над 50 депонии, депонија кај Нов Пазар, кај стариот интернат и е совладана дивата депонија кај обиколницата.
Богоевски посебно истакна дека сите заедно од раководниот тим и Општината да има мотивирани вработени, а во таа насока до сега има зголемени плати за 15%, а зборуваше и за ЕУ Проектите, за проект “Симбиоза“ заедно со 6 партнери ЈП Комуналец-Битола водечки партнер, проект во соработка со SASWA и MASWA соподдршка на GIZ (Германски Институт) инсталирани GPRS уреди на возилата за комунален отпад.
На крај директорот на ЈП “Комуналец“ се задржа на инвестициите во претријатието.
-Инвестициите во нова механизација и опрема, градежна машина – Булдожер – 7.646.400 денари, компостер за биоотпад – 7.257.000 денари, камион за собирање отпад – 5.875.750 денари, теренско возило: 1.194.059 денари, теренско возило: 2.030.000 денари, теренско возило: 1.769.882 денари. Има ивестиции во опрема – Сектор јавно зеленило, а извршена е рекордна набавка контејнери и канти. Вкупна вредност на инвестициите изнесува 35.004.051 денари, рече Богоевски.