Старото улично осветлување во битолската населба Карпош се заменува со нови ЛЕД штедливи светилки. Светилките не само што ќе го подобрат квалитетот на осветлувањето, туку и ќе донесат и заштеда. Дел од градот веќе е опфатен со ЛЕД осветлувањето, а градоначалничката Наташа Петровска најави дека ќе бидат поставени во секое уличе.
„Такво осветлување е поставено и во населбата Стрелиште, а во мометов имаме работни активности кај зградите РЕМО. Покрај тоа што решивме дел од булеварските решенија веќе шириме на краците онаму каде што имаме поголема фреквенција на население. Со една таква динамика ќе продолжиме и во седниот период за да влезиме буквално во секое уличе со штедливо осветлување“, рече Петровска.
Од досега поставените светилки имаат остварено заштеда од 31 000 евра, а до мај со планираните активности таа ќе се искачи до 64 000 евра. Парите од заштедата ќе бидат искористени за потребите на граѓаните и за ширење на мрежата со штедливи ЛЕД светилски.
„По 43 години според кажување на жителите од населбата , конечно првпат се заменети досегашните светилки на канделабрите со нов изглед на фенери. Покрај естетскиот дел добиваме подобрување и во делот на осветленоста. Во помалите населеби е двојно зголемена осветленоста од 3 на повеќе од 7 лукса, додека на големите булеварски светилки осветлувањето ако било околу 10 лукса сега е до 70 лукса. Сето тоа значи поголема сообраќајна безбедност на граѓаните“, изјави Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“.
Од Нова година наваму заедно со следните три месеци предвидени се да се инвестираат околу 200 000 евра во уличното осветлување. Се очекува да пристигнат веќе нарачаните 500 парчиња светилки за булевраско осветлување. Со тоа ќе се затвори прстенот со ЛЕД осветлување низ градот на потегот од Паризанска Иво Лола Рибар, 4 ноември, Прилепска,а ќе се заменат и во центарот на градот опфајќајќи ги улиците Димитар Илиевски -Мурато, Столарска и Сонунска.
„Заштедените пари во делот на уличното осветлување ќе се искористат и за старата чаршија за замена на сегашнопто осветлување со стилски фенери. Има 15 различни висови на светилски кои со текот на годините се ставле во чаршијата. Уште во текот на оваа годинава ќе има нов тип на осветлување и во тој дел од градот“, рече Богоевски.
Битола е еден од ретките, ако не и единствен град каде уличното осветлување не е дадено со него да управува приватна фирма, туку го одржува јавно претпријатие.
(Превземено од Apla.mk)