Од утрово, започна акцијата за чистење на дивите депонии во Битола. Еден од приоритетите на локалната самоуправа во соработка со јавните претпријатија е компленто да се промени лошата слика која во моментот ја има на повеќе места низ општината. После спроведеното мапирање на најкритичните точки каде се создадени најголемите депонии, со денешната акција се чистат три локации: Обиколницата над Битола, на потегот од Лукоил до тунелот, патот кон село Бистрица и просторот кај ОУ Коле Канински.
Градоначалникот, надлежните служби од општинската администрација и директорите на јавните претпријатија ги посетија локациите каде се спроведува денешната акција, со цел понатамошно координирано делување и на другите места каде е неопходно расчистување.
Акцијата продолжува и во следниот период, а граѓаните имаат можност дополнително да пријавуваат диви депонии преку веб платформата „Пријави проблем“ или на електронската адреса contact@bitola.gov.mk.
Со ваквиот пристап, локалната самоуправа во соработка со граѓаните, ќе овозможи навремено расчистување и спречување на појавата на нови депонии кои имаат негативно влијание и врз животната средина.
270002942_2967816323483865_503528553407370466_n 269991845_2967817323483765_5476461957025645368_n 269994505_2967817136817117_8110256385500565496_n 269994747_2967817126817118_3762402655879194699_n 269995325_2967817223483775_5302159373332726843_n 269998716_2967817266817104_8924956256461292379_n 270002577_2967817196817111_8936645440848547778_n Извор270014141_2967817183483779_413553206600479418_nИзвор:Општина Битола