Во чест на ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА ЈП Комуналец Битола намести висечки цветни аранжмани на канделабрите, засадени со VIOLA и тоа во Парк Саат кула, Широк Сокак, Фонтана Музеј, ул.Рузвелтова. Ова е само почеток за разубавување на Конзулска Битола.
Битола е вистинското место од каде треба да се испрати еколошката порака на Денот на пролетта а ние како јавно претпријатие единствено нешто што сакаме е здрава и чиста животна средина за овој град и за наредните поколенија.