Секторот за финансиски прашања ги опфаќа активности во делот на сметководство, наплата, план и анализа.
Секторот ги врши следните задачи и обврски:
- прибирање на целокупната сметководствена евиденција и контролирање на истата;
- правење на фактури, книжење и контролирање;
- прибирање на дневен промет и негово евидентирање;
- изработка на статистички извештаи, периодични пресметки и завршни сметки;
- врши периодичен и годишен попис на целокупниот имот на претпријатието и усогласување на книговодствената евиденција;
- врши пресметување и исплата на плата на сите надоместоци што произлегуваат од работниот однос и редовното работење;
- изготвува месечни и годишни извештаи за приходи и расходи и статистички извештаи за надлежни инститиции.