ЈП Комуналец Битола ја заврши реализацијата на меѓународниот проект “Собирање на податоци за цврст отпад во земјите членки од ЈИЕ” кој траеше една година. Проектот беше реализиран во четири држави Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Главна цел на проектот беше градење на капацитетите на јавните комунални претпријатија и општините за ефикасно развивање и користење на податоците за собирање, третман и одложување на комуналниот отпад, како и размена на знаења и добра пракса на регионално ниво.
За време на реализација на проектот четири пати во четири годишни времиња (пролет, лето, есен и зима) беа извршени мерења на количините на создаден отпад на територијата на општина Битола, како и анализа на морфолошкиот состав на создадениот отпад.
За време на реализација на проектот промовирани беа две компјутерски алатки SWIS (Solid Waste Informational Sistem) и CFM (Cost and Finance Model), алатки кои се наменети за податоци за составот и количините на создаден отпад како и модел на пратење на трошоците за управување соотпад.