ЈП Комуналец Битола отпчна дополнително распоредување на 450 специјализирани садови со волумен од 120 литри за одлагање на ПЕТ пластика за жителите во Буковска населба. Околу 450 семејства од УЗ Стив Наумов во Буковска населба во Битола добија жолти специјализирани садови за одлагање на пет пластика. Оваа акција следи по успешното распределување на вакви садови во Брусничката населба, Лавчанската населба и населбата Недопирливи, што се одвиваше во минатиот период, при што со ваква услуга на одделно собирање на отпадна (РЕТ) пластика се опфатени 1500 индивидуални домаќинства на територијата на оопштина Битола. Специјализирани садови се бесплатни и ги обезбеди ДОО Пакомак Скопје правно лице за постапување со отпад од пакување.