Секторот јавно зеленило врши дејности и активности кои се однесуваат на одржување на хигиената на јавните прометни површини како и одржување на јавните зелени површини.
Во делот на одржување на јавните зелени површини активностите се одвиваат во насока на:
- одржување на постоечките јавни зелени површини во градот,
- подигнивање и одржување на нови зелени површини;
- одржување на паркови и дрвореди;
- одржување на тротоарното зеленило;
- одгледување на садници и цвет од сопствено производство;
- изработка на предлог идејни решенија за хортикултурно уредување;
- како и одржување на јавната чистота во општина Битола (метење и миење на улици, чистење на снег од мостовите и тротоарите);
- поставување на комунална опрема (клупи, корпи за отпадоци и др.).