Секторот за правни, кадрови и општи работи ги опфаќа работите на целокупното општо, правно, кадрово работење, работи од областа на безбедност и здравје при работа, работи во делот на јавните набавки, работи со човечките ресурски и др.
Секторот ги врши следните задачи и обврски:
- изготвување на решенија од областа на правата и обврските на вработените;
- водење на кадровска евиденција, изготвување на договори;
- изготвување на тужби, жалби, приговори и други акти пред надлежни органи;
- изготвување на предлог акти на претпријатието, изготвување на записниции, одлуки и други акти за органите за управување;
- застапување и преставување на претпријатието пред судовите и другите органи;
- го организира функционирањето и работењето на архивското работење;
- го организра прибирањето, средувањето, чувањето и отуѓувањето на целокупната документација на претпријатието.